ИЗВЕСТУВАЊЕ до мештаните на село Лазарополе


Почитувани мештани,
Со цел унапредување на одржувањето на Лазарополе и воспоставување
на колективна одговорност, 2025 год. креиравме МАПА на куќи во селото
како и СПИСОК за плаќање на обврските. Целта беше да ја имаме
фактичката состојбата во селото со моменталната состојба на објектите
(активни и пасивни), нивна нумеризација и увид во плаќањето за
одржување на инфраструктурата во Лазарополе, а со цел да ги
презентираме предложените планови и да пронајдеме најдобри
заеднички решенија.
Како што знаете, одржувањето на селото зависи од сите нас, а вашата
соработка е клучна за подобра иднина и квалитет на живеење. Во
согласност со тоа, подготовивме предлог за потпишување договори за
доброволно и редовно плаќање за одржување. За поголема
ефективност, се воведовме организација за следење на плаќањата и
редовен преглед на состојбата.
Ве известуваме дека уплатата за тековната година ќе се врши до 15
декември 2025г. по што плаќањето и списокот ќе се затвори и списокот
за НЕПЛАЌАЧИ јавно и трајно ќе биде објавен на официјалните интернет
страни и на јавни места во Лазарополе.
Воедно, Ве информираме дека самопридонесот за 2026 г, со одлука на
управниот одбор ќе изнесува 3.000 ден. а уплатата ќе започне од 15
јануари 2026 год.
За повеќе информации, контактирајте ја локалната организација.
Вашата соработка е од големо значење за иднината на нашето село.

Со почит, Претседател
Организационен одбор Даниел Поповски