За Лазарополе

Лазарополе (во месниот говор како: Лазорополе) — населено село во Општина Маврово и Ростуше, сместено во областа Мијачија.

Поголемиот дел од населението e раселено во други краишта на Македонија, но редовно ги одржува своите куќи, такашто во секој дел од годината, посебно во летните месеци е доста посетено и продолжува да живее.

Ова село е доста специфично, бидејќи во почетокот на XX век броела над 3.000 жители. Сместено е во областа Мијачија, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на падините на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е планинско, сместено доста високо на 1.300 метри надморска височина.

Селото се наоѓа на високо поле (над 1.300 метри), низ кое поминува Лазарополска Река, кога оттаму се пробива кон долината на Мала Река. Поради стрмниот дел од долината на Мала Река селото е целосно невидливо. Самата местоположба е многу поволна, а на краевите на полето се наоѓаат пештери. Селото се соочувало со недостиг на вода во текот на летниот период, поради слабиот капацитет на чешмите.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горни Ограѓе, Добрава, Соколица Мачкино, Главино Село, Палав Извор, Вртови, Великин Извор, Вртешка, Присој, Јодров Дол, Ком, Тубура, Лопушник, Коритник, Оштрилец, Бабин Трт, Утов Дол, Стража, Папраѓе, Браненица, Квачков Дол, Дрениче, Дукло, Бохче Дол, Ограѓе, Речишче и Цуцул.

Селото има збиен тип и поседува улица, кои водат кон сретселото, каде некогаш се наоѓала самата општина, хан, дуќани, училиштето и црквата. Поделено е на повеќе маала.

Селото е оддалечено 23,5 километри источно од градот Дебар, кој е најблизок град во околината, со кој селото е поврзано со асфалтен пат.

Лазарополе е второ по големина село во Mалореканскиот крај, чии села вообичаено се сметаат како типично мијачки населби. Селото е сместено на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта. Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството, поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал.

Со својата местоположба Лазарополе за свои непосредни соседи ги има селата: РосокиСушицаГаличникСелцеТресончеГариОсојМогорчеЕхлоец и Душегубица.